Можности за плаканье и кредити
Кредити УНИ Банка
-За вработени во јавни, буџетски претпријатија и АД
кредитот до 39.000 ден е без жиранти.
За кредит над 39.000 ден потребно е еден жирант кој
нема задршки од плата и е вработен во јавно, буџетско
претпријатие или АД
-За вработени во приватни фирми задолжително е еден
жирант од јавно, буџетско претпријатие или АД (без
одбитоци од плата).
Минимален износ за кредитот е 7.000 ден, а максимален
98.000 ден, а можност има за 6-24 месечни рати, а
притоа ратата не смее да надминува 1/3 од плата ,
а и по одбивање на ратата не смее платата да биде
помала од 8.000 ден..
Номинална каматна стапка за 2 години - 13%
Кредити Стопанска банка
До 40.000 ден - потребни документи:
копија од лична карта
копија од последна сметка за платена струја, вода
или телефон
Минимални месечни нето приходи 7.700 ден.
Над 40.000 ден - потребни документи:
копија од лична карта
копија од последна сметка за платена струја, вода
или телефон
(за вработени во приватна фирма додатно)
рекапитулари за последните три месеци
потврда за редовен работен однос со нето месечни примања
за последните три месеци
Минимален износ е 13.000 денари, а максимален износ
3.000 еур
Број на месечни рати од 6 до 48
Годишна каматна стапка 13%
Можност за плаќање со сите картици (VISA, Master,
Diners, Verna)
За сите картици каматата ја одредува самата банка
(во зависност од тоа која картичка ја поседува купувачот).
Истото важи и за бројот на ратите.
За DINERS можност за 3-24 рати , со камата од 6%-12.6%
Верна - 5.12 и 24 рати
